[ФОТО] Неограничен луксуз резервиран само за возрасни: Ова е најдобриот хотел во светот за 2025 година

Точка

15/09/2025

14:37

719

Големина на фонт

а а а

Тука ви се на располагање околу 400 соби со поглед на море, уживање во околу 10 ресторани и барови со медитеранско, француско и азиско мени, како и врвни коктели кои се служат на плажа.

Хотелот „Secrets Akumal Riviera Maya“ во Мексико е најдобар хотел на светот за 2025 година.

Или барем така тврди „Tripadvisor“, кој му ја додели престижната награда „Travelers' Choice Award“. Хотелот е избран врз основа на квалитетот и бројот на рецензии, како и оценките на патниците објавени на овој портал во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година.


Овој хотел со 5 ѕвезди се наоѓа во самото срце на ривиерата Маја – туристички појас долж источниот брег на Јукатан, кој се смета за една од најпосакуваните дестинации на Карибите.

Особено е популарен меѓу љубителите на нуркањето, кои доаѓаат во Акумал – што во превод од мајански значи „место на желки“ – за да пливаат покрај овие морски суштества во нивното природно опкружување, но и да уживаат во морето полно со живописни корали и шарени риби во лагуната Јал-Ку.


Хотелот „Secrets Akumal Riviera Maya“ е наменет исклучиво за возрасни лица, па се наметнува како одличен избор за романтични парови кои сакаат да избегаат од стресот на секојдневието.

Неограничен луксуз

Хотелот нуди концепт „Unlimited Luxury“, односно неограничен луксуз. Сите погодности на ресортот се вклучени во цената, која варира во зависност од периодот од годината во кој доаѓате.

Тука ви се на располагање околу 400 соби со поглед на море, уживање во околу 10 ресторани и барови со медитеранско, француско и азиско мени, како и врвни коктели кои се служат на плажа.


Може да уживате и во три „infinity“ базени, џакузи и спа зона која комбинира третмани од древната мајанска култура со современи велнес техники.

Рецензентите на „Tripadvisor“ кои го пофалија овој хотел исто така уживале и во туристичките атракции во околината, како што е живописниот прашумен парк Актун Чен, со подземна река и пештерски содржини.