Ова е најздравата храна во конзерва, велат нутриционистите – богата е со протеини, витамин Д и здрави масти

Точка

15/09/2025

09:32

619

Големина на фонт

а а а

Сардината во конзерва вообичаено содржи помалку жива од многу други видови конзервирана риба и е одличен ибор кога свежата риба не ви е достапна, вели нутриционистка.

Конзервирањето ја одржува храната свежа, особено онаа која е склона на различни патогени, а во процесот на конзервирање намирниците поминуваат низ процес на стерилизација.


„Резултатот, за жал, е значително губење на нутриентите, но кога еднаш ќе се конзервира овошје или зеленчук, тоа може да трае со години, безбедно од опасни микроорганизми“, објаснува нутриционистката д-р Џес Кординт и открива дека, според нејзино мислење, најздрава е конзервираната храна.

Најздрава е конзервираната риба, односно сардината која е пристапен извор на протеини, а воедно е и одржлива и не бара дополнителна подготвеност за јадење. Додавањето на конзервираната риба во исхраната има бројни здравствени предности.

„Конзервираната сардина вообичаено содржи помалку жива од многу други видови риби и се смета за еден од најдобрите избори кога станува збор за морска храна, особено доколку свежата риба не ви е достапна“, изјавила Кординг.

Со неа внесуваме голема количина протеини, витамин Д и омега-3 масни киселини, додека пак маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти кои се добри за срцето.


Како да јадете сардина?

Од здравствените установи препорачуваат две до три порции риба со ниско ниво на жива во нив, а Кординг препорачува сардината да се помеша со тестенини, сирење или крекери како ужина.

„Лично, најмногу сакам да ја згмечам со виљушка и да ја ставам во салата“, вели Кординг.