Сур Арау на македонскиот ракометен интернационалец Мартин Поповски забележа значаен триумф над Штафа во битката за опстанок во првата лига на Швајцарија.
По поразот пред своите гледачи, Мартин и компанија мораа да одговорат на теренот на противникот, предизвик на кој соодветно одговорија со славје од 33:30.
Првото полувреме мина во изедначена игра и резултат (13:13), додека во вторите 30 минути гостите беа подобри и се изборија за триумф со кој изедначија на 1-1 во серија.
Поповски беше автор на три гола од пет победи, Сарлос со седум гола беше прв стрелец со седум погодоци, но шест беа од седум метри.
Наредното соочување е закажано за 19 април.







