„Дрисла“ е единствената санитарна лиценцирана депонија, која од 2022 година не согорува отпад, туку со автоклав стерилизира и компримира, со што од неа нема никаква можност за загадување, велат од ЈП „Дрисла“ – Скопје.
„Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат во согласност со техничко-технолошкиот проектиран процес имајќи ги предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постојните законски прописи“.
Апелираат до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои, како што велат, се сомневаат дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми.
„Депонија ‘Дрисла’ без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се вели во соопштението на ЈП „Дрисла“ – Скопје.