Украинската тенисерка Марта Костјук моментално ужива во заслужениот годишен одмор, а според последните информации, се наоѓа на Ибица.
Иако направи пауза од напорната тениска сезона, Марта остана верна на своите обожаватели и редовно ги информира за актуелните случувања од својот живот.
Така објави видео од вечерното излегување на Инстаграм, а вниманието на следбениците го привлече со својата секси модна комбинација.
Како што може да се види, една од најатрактивните тенисерки во светот носела црн фустан со смели отвори на стомакот и колковите, изработен од мрежест материјал кој целосно ги истакнал нејзините витки нозе.
Тесниот фустан ја нагласил совршената фигура на Марта, а многумина го пофалија нејзиниот изглед во коментарите под објавата.

„Вау, изгледаш прекрасно“, „Марта блеска и надвор од тениските терени“, „Како некогаш ќе закрепнам од ова?“, „Овој фустан е совршен“, беа само дел од коментарите.







