[ФОТО/ВИДЕО] Лидерите и нивните приватни зоолошки градини: Орбан чува зебри, неговиот колега има дури и ајкула, а еве кои животни биле миленичиња на Тито

Точка

11/09/2025

15:10

1.357

Големина на фонт

а а а

Додека егзотичните животни кај Виктор Орбан предизвикуваат бура во Унгарија, се осврнавме и на ајкулата на Бидзина Иванишвили и ноевите на Виктор Јанукович. Силните лидери не ја мерат моќта само со златни палати и воени паради, туку и со егзотични суштества.

Неодамнешни снимки со дрон од семејниот имот на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Хатванпушта, поранешна имотнина на Хабсбургите, предизвикаа контроверзија кога беше откриено дека покрај луксузни содржини како палминa градина, капела и фонтани, имотот го населуваат и егзотични животни, вклучувајќи зебри и антилопи.

Скандалот изби на почетокот од август, откако опозицискиот пратеник Акош Хадази објави фотографии од недовршениот имот на Орбан, доведувајќи ги во прашање тврдењата на владата дека тоа место е само „земјоделско стопанство“ во сопственост на таткото на премиерот. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски му се потсмеа на Орбан поради снимките, прашувајќи го дали зебрите се „традиционални домашни животни“ во Унгарија.

Од Будимпешта до Грозни, од Москва до Пјонгјанг, моќните лидери со векови користат диви животни како политички реквизити, симболи на богатство и моќ. Во светло на Орбан и зебрите, „Politico“ истражи и други контроверзни љубители на животни во светот.

Приказната за ајкулата

Грузискиот олигарх и фактички владетел Бидзина Иванишвили живее во неомодернистички дворец од челик и стакло над Тбилиси — со сопствен аквариум за ајкула. Неговата партија Грузиски сон во последните неколку години се оддалечи од ЕУ и се сврте кон про-руска политика. Познат како собирач на егзотични растенија и животни, Иванишвили во својата пприватна зоолошка градина во дворецот имал пингвини, зебри, лемури, кенгури и, да, ајкула. Во едно интервју од 2014 година, скромно ја опиша ајкулата како мала, „само метар и пол“. Додал и: „Лемурите слободно шетаа по мојот двор како мачки“.


Ексцентричен колекционер

Поранешниот украински премиер Виктор Јанукович, исто така, имал зоолошка градина во својот дворец со пауни, фазани, елени и мечки. Некогаш имал и три кенгури, но едниот угинал од студ, другиот побегнал, а третиот бил пуштен со надеж дека ќе се врати — што не се случило.

Caring for Ukraine’s Forgotten Zoo

After President Yanukovych was ousted from Ukraine in 2014, he left behind a luxurious estate—including an *entire zoo*. Thankfully, Sergey Grigoryev came to the resuce, caring for the abandoned animals.

Posted by Great Big Story on Wednesday 18 April 2018

Сепак, она што го прослави како љубител на егзотични животни биле ноевите. Јанукович изјавил: „Ги поддржував ноевите, што има лошо во тоа?“, фразата која веднаш предизвика бран шеги на интернет. Тие ноеви го надживеаја својот сопственик, кој избега во Русија, и сè уште шетаат низ дворот на киевскиот дворец, кој сега е претворен во јавен парк.

Мачки, мечки и патки

Чеченскиот воен лидер Рамзан Кадиров наводно држи десетици животни во своите палати. Мачки, ловечки кучиња, коњи, елени, мечки и патки не би импресионирале никого особено на оваа листа, но неговата колекција наводно оди и подалеку, вклучувајќи фарма со камили.

Кадиров — познат како „Путиновиот напаѓачки пес“ — исто така поседува тигар, лав и крокодил, според извештаите на Радио Слободна Европа.


Подарок за Ким Џонг Ун

Во гест карактеристичен за авторитарната дипломатија, Русија минатата година ѝ подарила на Северна Кореја повеќе од 70 зоолошки животни, вклучително африкански лав, два кафени мечки и два јакови. Овој раскошен подарок стигнал еден месец по тоа што Северна Кореја испратила трупи за да му помогнат на рускиот претседател Владимир Путин во војната во Украина.

И Трамп се заинтересирал за животни?

За време на посетата на Саудиска Арабија во мај, американскиот претседател Доналд Трамп добил повеќе од инвестициони ветувања: кралството му подарило пар ретки арапски леопарди за Националниот зоолошки парк Смитсонијан. Познат по рамнодушност кон животните — никогаш во Белата куќа не довел куче или мачка, а своевремен твитнал дека не ги сака ајкулите — Трамп сепак бил заинтересиран за леопардите, распрашувајќи се за нивниот карактер и покажувајќи голем интерес за овој вид.


Кога јагнињата ќе стивнат

Не сите моќни лидери се наклонети кон предатори. Во 2017 година, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони позирал со јагниња за време на вегетаријанска велигденска кампања. Пораката на телевизија гласела: „Бидете како него. Спаси пет јагниња од велигденското колење“. Иако многу помалку опасни од животните поврзани со другите личности на оваа листа, оваа акција имала цел да создаде нежна слика за медиумскиот магнат и политичар, претворајќи ги овие влакнести суштества во политичка ПР алатка.

Јосип Броз Тито и животните

Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија, исто така бил познат по својата љубов кон животните. Во својата вила во Кумровец и на Бриони имал разни домашни миленици, вклучувајќи кучиња и коњи, додека на Бриони особено уживал во животни како фазани и други егзотични птици.


Тито често ја истакнувал важноста на природата и животинскиот свет, па животните биле редовен дел од неговиот приватен живот и симбол на неговата блиска врска со природата и селото. Неговата грижа за животните придонесувала за сликата на лидер кој покрај моќта поседува и нежна, хумана страна.