[ВИДЕО] Во Дубровник го пробала „најскапиот бурек на Балканот“: „Ќе подигнеме кредит за да го купиме...“

Точка

12/09/2025

10:22

2.667

Големина на фонт

а а а

Популарната тиктокерка Лиза, позната под името „dua_liza“, споделила видео во кое пробува бурек во Дубровник, а видеото го споделила со текст: „Албанка VS најскапиот бурек на Балканот“.

„Како некој којшто цел живот го поминал пред и зад пекара го оценувам бурекот од 9 евра во Дубровник. Го прават на улица на самото место“, рекла Лиза, а потоа го пробала бурекот со месо.

На прашањето од следбениците дали вреди да се даде толку пари за бурек, додала низ насмевка: „Ние некогаш за 9 евра продававме цела тепсија бурек. Но, ова е чисто телешко месо, толку прекрасно и се наоѓаш во најубавиот град, можеби вреди“.

Потоа пробала и бурек со сирење за којшто рекла дека е совршено мрсен и многу добар, но дека му фали сол во сирењето. За бурекот со сирење дала оцена 8/10, додека пак за оној со месо 9/10.

„Ќе земеме кредит за да го купиме“

Реакциите на социјалните мрежи биле бурни. Некои корисници заклучиле дека цената е претерана.

„Почнаа да ставаат цени како бурекот да има бифтек внатре“, „Во Сараево за тие пари може да изедеш килограм бурек со месо“, „Не се нормални, 9 евра за ова? Уште малку ќе треба да подигнеме кредит за да купиме бурек“, „Во Подгорица е 2 евра“...