Авионската храна честопати е критикувана, но една патничка решила да ги земе работите во свои раце и на висина од 9.000 метри си приготвувала свежа, домашна тестенина.
Нејзиниот потег стана вирален, но додека некои беа воодушевени, други ја изразија својата згрозеност.
Њоки на 9.000 метри
Кејти од Сан Диего, позната на ТикТок како „@buonapastaclub“, објави видео со наслов: „POV: Мразиш авионска храна авиони, па сама ја приготвуваш“. Видеото го покажува садот што Кејти го понела со себе, а во него мешала брашно, јајца и компири. Потоа месела и го обликувала тестото во њоки, користејќи дрвена штица за да го добие посакуваниот облик.
Реакциите на патниците беа поделени
Додека некои ја пофалија нејзината креативност, повеќето коментари беа негативни. „Не знам како луѓето не сфаќаат дека авионите се најнехигиенските места“, напиша еден корисник.
Други додадоа: „Мислам, би можела да спакуваш сендвич“ и „Би го изгубила разумот седејќи покрај ваква личност“. Многумина ги интересираше како Кејти успеала да ги внесе состојките во авионот: „Моето прашање е како успеа да внесеш вреќичка брашно и покрај обезбедувањето …“ Беше изразена и загриженост за другите патници: „Не е добра идеја. Жал ми е, но ако луѓе што имаат целијакија седат во редовите околу тебе, тие нема да бидат воодушевени доколу брашно лета наоколу… Ова не е шега, тоа е вистинска закана за нив“.
Не е единствениот случај
Критиките за хигиената не се без основа. Авионските екипажи со години предупредуваат дека масите, џебовите на седиштата и потпирачите за раце се меѓу највалканите површини во авионот, каде што биле пронајдени разни бактерии и габи. Сепак, подвигот на Кејти не е единствениот таков пример.
Една патничка јадела сардини во авион, а нејзиниот чин предизвика згрозеност кај другите патници, како и кај корисниците на социјалните мрежи.