Столе Димитриевски се врати во својот клуб по репрезентативните обврски кои ги имаше во изминатите десет дена, па иако се уште останува активен на трансфер пазарот, Македонецот не остава ништо на случајноста и работи во полна пареа во Валенсија.
Тренерот Карлос Корберан нема ништо против останување на Македонецот и тоа го нагласи во неколку наврати во изминатиот период, а ако се суди според залагањето кое го нуди Столе на тренинзите, нема да биде чудо ако добие шанса во периодот кој следи.
Македонскиот репрезентативец втора сезона по ред се најде во ситуација да биде втор голман, но тоа не го обесхрабрува и дава се од себе на секој тренинг и делува максимално професионално.
Доказ за тоа е последниот голмански тренинг кој беше објавен од самата Валенсија, а на кој се гледа дека тројцата чувари на мрежата имаат навистина интензивни вежби.
Тренерот на голманите во Валенсија има навистина добра смисла да го направи секој тренинг интересен и компетитивен, а најдобар доказ за тоа е следното видео кое стана хит во Шпанија.
Nuestros porteros trabajan al máximo cada día🔋
— Valencia CF (@valenciacf) September 10, 2025
🧤 Agirrezabala
🧤 @Dimitrievski1
🧤 @CRiveroOficial #ADNVCF 🦇 pic.twitter.com/NtlXacn03C