Изненадување на Евровизија: Ќе се натпреварува и легендарниот пејач

Точка

29/04/2026

16:09

381

Големина на фонт

а а а

Бој Џорџ се враќа во голем стил. Благодарение на Евровизијата во Виена, европската телевизиска публика повторно ќе може да ужива во настапите на легендарната музичка икона чии песни во текот на 80-тите беа големи хитови.

Имено британскиот музичар ќе се натпреварува за Сан Марино и во дует со Сенхит ќе ја изведе песната „Superstar“.

Инаку, во март на националното натпреварување на Сан Марино, италијанската пејачка Сенхит се појавила на бината без водачот на бендот „Culture Club“, но во нејзиниот настап бил искористен и делот со Бој Џорџ кој бил прикажан преку визуелни и графички елементи.


Но како што рекол Бој Џорџ тоа нема да биде случај во Виена, кој ја прифатил поканата да настапи на најпознатиот телевизиски и музички спектакл во Европа за да покаже дека не сите уметници се против учеството на Израел на овој настан.

„Додека некои земји се повлекуваат од натпреварувањето, јас одлучив да дојдам за да покажам дека не сум им го свртел грбот на моите пријатели од Израел. Што се однесува до оние кои ми порачуваат дека поради учеството на Израел треба да се откажам од пеењето во Виена, јасно и гласно им порачувам: „Луѓе, тој филм нема да го гледате“, рекол музичарот кој, заедно со Хелен Мирен, Џин Симонс, Мила Кунис, Лив Шрајбер, Ејми Шумер и 1.000 други уметници, потпишале писмо за поддршка на настапот на Израел на Евровизија. Во писмото се нагласува дека евровизискиот натпревар треба да се користи за обединување на луѓето преку музика, а не како политичко оружје.