Килијан Мбапе реализирал едно подолго интервју со француски медиум, па зборувајќи на различни теми предизвика лавина вести во кои се пренесуваат негови ставови за одредени теми.
Една од нив е доделувањето на „Златната топка“, признание за кое тој не е меѓу фаворитите да го освојат, а за кое посакува да заврши во рацете на Усман Дембеле.
Неговиот колега од репрезентацијата и актуелен играч на ПСЖ се смета за главен ривал на Ламин Јамал, а Мбапе јасно посочил за кого навива.
– Дембеле според мене ја заслужи наградата и се надевам дека ќе ја добие.
– Се надевам дека и Хакими ќе биде добро рангиран, бидејќи тоа ќе значи многу за дефанзивците. Јамал е добар фудбалер, но за жал игра за Барселона, – со насмевка на лицето завршил Мбапе.