Фицо таен гласник на Москва? По посетата на Кина, на средба со Зеленски

Макфакс

05/09/2025

19:23

209

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на неговата денешна посета на западноукраинскиот град Ужгород, имал „значајни“ разговори со словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Важно е да го имаме овој дијалог. Ќе го продолжиме“, истакна Зеленски, објави Укринформ.

Како што објави TASR, Фицо денес се сретнал во Ужгород со Зеленски, а енергетската инфраструктура била една од главните теми што ги разговарале. Ова е негова прва билатерална средба со Зеленски во Украина.


Фицо се сретнал со Зеленски веднаш по неговото враќање од Кина, каде што во вторникот имал билатерални разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

По средбата со Путин, Фицо најави дека ќе го покрене прашањето за украинските напади врз нафтената инфраструктура со Зеленски.