[ФОТО] Множи, собира и чита како второодделенец: Четиригодишното момче од Илиноис стана член на Менса

Точка

05/09/2025

20:03

418

Големина на фонт

а а а

Четиригодишно момче од Илиноис, Зориен Ројс, освои 156 од максималните 160 поени на тест за интелигенција за деца, резултат кој се смета за генијален и му овозможи прием во Менса.

Според неговите родители, тој веќе чита на ниво на второодделенци, пренесе „NBC News“.

Додека повеќето деца на негова возраст сè уште се обидуваат да го совладаат врзувањето на чевлите, четиригодишниот Зориен го совладува трицифреното множење.


Неодамна беше примен во Менса и Интертел, здруженија за високо интелигентни, откако освои 156 од максималните 160 поени на тест за интелигенција за деца.

Иако минатиот месец наполни четири години, Зориен веќе чита како второодделенец и учи дропки.

Неговите родители, Мд Накиб Алам Ансари и Монирупа Анања, во соопштение за медиумите изјавија дека почнале да го забележуваат неговиот напреден развој на само 18 месеци.


„На две години, тој читаше книги и пишуваше зборови како „нилски коњ“ и „алигатор“ и броеше напред и назад до 100. Тогаш сфативме дека неговиот пат ќе биде многу поинаков“, рекоа тие.

Тој зборува англиски и бенгалски, но сака да научи повеќе јазици, како шпански, француски и хинди, истакнаа неговите родители.

Семејството, кое живее во Вернон Хилс, Илиноис, го тестирало Зориен кај психолог и како што рекоа психологот бил воодушевен од резултатите.


„Со само три години, тој речиси го достигна максималниот број поени за неговата возрасна група“, кажаа тие, додавајќи дека тогаш сфатиле дека мора да го преземат следниот чекор и да ги пронајдат вистинските ресурси за да го поддржат.

Родителите на Зориен се обратиле во Менса бидејќи сакале да дознаат како најдобро да го поддржат својот син.


Нивната надеж е дека дружењето со врсници на негово ниво ќе му обезбеди стимулација и можности што му се потребни за да напредува.

Менса објави во средата дека го примила Зориен во организацијата, која ги слави „генијалните деца кои нè потсетуваат дека учењето е авантура“.