[ФОТО/ВИДЕО] Израелската претставничка исвиркана на изборот за Мис Универзум: Нејзиниот настап предизвикал бројни негативни реакции за време на претставување на костумот

Точка

23/11/2026

16:51

299

Големина на фонт

а а а

Израелската претставничка на изборот за Мис Универзум, Даниел Јаблонка, била исвиркана за време на претставувањето на националните костуми во саботата вечерта.

Дел од публиката реагирала со свиркање кога се појавила во костум со мотиви од Стариот град во Ерусалим и натписот „мир“ на хебрејски, арапски и англиски јазик. Настанот се одржал во Порторико каде што годинава се одржува натпреварувањето.

Костим посветен на Ерусалим

Станува збор за креацијата на дизајнерот Џејкоб Мејер, која се состои од круна и наметка со приказ од Стариот град во Ерусалим.


Од внатрешната страна на наметката има мотиви од портокали, стебла од маслинки и зборот „мир“ напишан на три јазици. Водителот на програмата го претставил костимот како посвета на „земјата во која живее историјата“ и објаснил дека е инспириран од трансформацијата на сушното земјиште во земјоделски површини.

Негативни реакции од публиката и на социјалните мрежи

Според израелскиот портал „Ynet“, 25-годишната Јаблонка, манекенка и инфлуенсерка родена во Мајами, штом се појавила на сцената била исвиркана од дел од публиката. Исто така нејзиниот настап предизвикал бројни негативни реакции и на социјалните мрежи.


Во коментарите се појавија повици за ослободување на Палестина, додека еден корисник го поставил прашањето дали портокалите прикажани на наметката биле одгледани на окупирана палестинска територија.

Одбрана без одржан избор

Јаблонка за претставничка на Израел ја одбрала организацијата Мис Израел бидејќи овогодишниот национален избор за убавина бил откажан поради војната. Минатата година на истото натпреварување ја освоила титулата прва придружничка. Финалето за Мис универзум ќе се одржи овој вторник.