Сопругата на Алек Болдвин признала како го „изневерува“, тој тврди дека токму тоа е клучот на нивниот среќен брак: „Искривување на реалноста...“

Точка

24/11/2026

08:03

957

Големина на фонт

а а а

По 14 години брак, Хилариja Болдвин е сè уште најголемата поддржувачка на својот сопруг Алек, а сега тие ја открија тајната на нивната љубов.

За актерот Алек Болдвин (68) и неговата сопруга Хиларија (42), кои заедно имаат седум деца, тајната на успешниот брак е, како што се шегуваат, меѓусебното „искривување на реалноста“ и доброто чувство за хумор.

Затоа на Алек и Хиларија не им пречи да се задеваат еден со друг за ситници додека ги одгледуваат своите седум деца: Кармен (13), Рафаел (11), Леонард (10), Ромео (8), Едуардо (6), Марија (5) и Иларија (4). Покрај тоа, сопружниците открија зошто токму таквото, донекаде палаво задевање, е една од тајните на нивната врска.


„Искривување на реалноста, но со меѓусебни шеги. На крајот, веќе не сме сигурни што е реално, а што не, но двајцата си го правиме тоа еден на друг“, изјавиla Хиларија за списанието „Us Weekly“ во едно интервју.

Како безопасен пример за нивните домашни шеги, Хиларија изјавила дека често се обидува да го убеди својот сопруг дека тој ѝ предложувал често преуредување на домот.

„Секој ден, кога тој ќе си замине, ако немам деловни обврски, се враќам дома и почнувам со преуредување на просторот. Му кажувам дека тоа била негова идеја, а тој ме гледа и вели: „Почекај малку“, рекла таа.


Таа признала дека на крајот успеала да го убеди дека не треба да се грижи за преместувањето на мебелот, па се пошегувала: „Гледаш, двајцата знаеме како да ја извртиме реалноста еден на друг“.

Токму ова чувство за хумор ја одржало нивната врска силна, уште од кога се запознале во 2011 година во ресторан во Њујорк.

Хиларија додала дека нивното меѓусебно задевање има посебен ефект врз нивната врска.

„Затоа двајцата старееме многу брзо во исто време, но се чувствуваме и млади“, објаснила инструкторката по јога.


На Алек му се допаѓа и овој начин на комуникација со својата сопруга.

„Многу искривување на реалноста“, се пошегувал тој, зборувајќи за тоа како ги прифаќа навиките на Хиларија, но и за тоа како таа реагира на неговите.

„Клучот за среќен брак е многу искривување на реалноста“, рече актерот.