Барселона и Вилјареал добија дозвола од Шпанската фудбалска федерација да одиграат првенствен натпревар во Мајами, но за такво нешто допрва треба да добијат зелено светло и од УЕФА и ФИФА.
Шпанските клубови и Ла Лига притискаат за ваква опција, со која би имале бенефит од повеќе аспекти, но останува да се види дали УЕФА ќе ја прифати иницијативата.
Претседателот Александер Чеферин во последната изјава вели дека не е сигурен за одлуката и таа ќе биде донесена следниот месец.
– Ќе отвориме дискусија со ФИФА и другите федерации, бидејќи не сум убеден дека тоа е добра работа.
– Ако е исклучок, во ред, ако има причина и тоа е во ред, но во принцип натпреварите од европските шампионати треба да се играат во Европа. Се работи за долга традиција и не треба да ги разочаруваме домашните фанови, – рекол Чеферин.