Учесниците во Лигата на шампионите вчера ги дознаа своите противници за главната фаза, додека утре треба да го добијат и распоредот по кој ќе ги одиграат осумте натпревари.
Во меѓувреме, суперкомпјутерот на ОПТА направи анализа за тежината на противниците кои ги доби секоја екипа, па основната проценка е дека најлошо поминале Баерн Минхен и ПСЖ.
Покрај тоа што овие две екипи ќе одиграат меѓусебен дуел, Баерн треба да игра и со Челси, Арсенал, Бриж, ПСВ, Спортинг, Пафос и Ст. Жилоис.
ПСЖ пак покрај со Баерн, ќе се соочи и со Барселона, Аталанта, Баер Леверкузен, Спортинг, Тотенхем, Атлетик и Њукасл.
Истата анализа вели дека меѓу екипите кои најдобро поминале во ждрепката е Арсенал, бидејќи „топчиите“ за противници ги добија екипите на Барселона, Интер, Атлетико, Бриж, Олимпијакос, Бенфика, Атлетик и Каират.
Англиските медиуми истакнуваат дека Арсенал имал поволна ждрепка и во однос на оддалеченоста на ривалите кај кои ќе треба да гостува, при што екипата ќе патува двојно помалку километри во споредба со претходната сезона.