Мејну донел одлука за својата иднина и лично му ја соопштил на Аморим

Дерби

29/08/2025

13:17

153

Големина на фонт

а а а

Коби Мејну се претвори во резервна опција за Рубен Аморим на позицијата на која нуди најдобри перформанси, а во ситуација кога е втора или трета опција во системот на португалскиот стручњак, талентираниот фудбалер донел одлука да бара поголема минутажа во друг клуб.

Како што открива угледниот „Атлетик“, 20-годишниот Мејну лично ги информирал Аморим и директорите на клубот дека најдобра опција за него ќе биде да си пронајде средина во која редовно ќе игра фудбал, се со цел да остане во натпреварувачки ритам и со шанси за настап на Светското првенство кое се игра наредната година.

Поточно, Мејну сака позајмица во друг проект во кој ќе има далеку позначајна улога, а доколку работите се сменат во иднина, секако би се вратил во саканиот Јунајтед.

Во оваа фаза од летниот преоден рок, Мејну смета дека најдобро сценарио ќе биде да се избори за едногодишна позајмица во друг клуб, но првичниот одговор кој го добил од клубот не му оди баш во прилог.

Манчестер Јунајтед како клуб зел цврст став дека тој ќе биде важен играч во текот на сезоната, па останува да се види дали директорите и менаџерот ќе попуштат по инсистирањето на фудбалероти и неговиот агент.

Мејну го одигра цел меч против Гримзби во срамната елиминација во Лига Купот, а претходно не одигра ниту една минута на првите два натпревари во Премиер лигата.