Адриен Рабио се најде во незгодна позиција по тепачката со соиграч по поразот од Рен, а поранешниот француски репрезентативец Самир Насри, не верува дека постои начин Олимпик Марсеј да му даде нова шанса на фудбалерот.
Раководството на францускиот клуб веднаш го стави Рабио на трансфер листата и му најави дека итно треба да си најде нов клуб, а Насри смета дека работата отишла предалеку за да постојат шанси за корекција на односот меѓу двете страни.
– Не верувам дека Рабио ќе добие втора шанса. Во моментот кога клубот излезе со цврст став со кој го суспендираше Рабио, секое ретерирање ќе биде порака за другите фудбалери дека некој е привилегиран.
– Мислам дека клубот избрза со ставот и изјавата, а истото важи и за мајката на Рабио, која е негов агент.
– Таа го вмеша и Гринвуд, јавно го критикуваше и раководството. Единствен начин да има пресврт е Рабио да се извини јавно, но јас мислам дека нема да го направи тоа и ќе остане доследен на ставот на својата мајка, – рекол Насри.