Шкендија од петтиот шешир ги чека противниците во главната фаза на Конференциската лига

Дерби

29/08/2025

13:00

120

Големина на фонт

а а а

Македонскиот шампион Шкендија ќе биде дел од главната фаза на Конференциската лига на УЕФА, а денеска по 13 часот ќе ги дознае и своите противници во ова европско натпреварување.

Тетовци се дел од петтиот од вкупно шест шешири во пресрет на ждрепката, а во истиот дел од ждрепката се уште и АЕК Ларнака, Самсунспор, Бреидаблик, Сигма и Раков.

Сите останати екипи се потенцијални противници во главната фаза, а ждрепката ќе биде реализирана со само една активација на софтверот, кој ќе ги испорача ривалите за секоја екипа во Конференциската лига.

Шкендија ќе одигра шест натпревари, од првата рунда на 2. октомври до последната на 18. декември, а нокаут фазата започнува во февруари следната година.