Поради пожар во националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е 20-ина минути, за излез 40-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.