Милер изненаден од МЛС лигата: Темпото и интензитетот се навистина високи…

Дерби

19/08/2025

13:01

258

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалер Томас Милер ја отвори приказната со составот на Ванкувер Вајткепс во кој одлучи да се пресели откако ја заврши епизодата во Баерн Минхен.

Напаѓачот веќе дебитираше за клубот од Канада во МЛС лигата и тоа против Хјустон, натпревар на кој успеа да постигне гол, ама истиот беше поништен поради офсајд.

Иако играше само во вториот дел Томас е изненаде од темпото и интензитетот.

- Мислам дека во дуелите темпото и интензитетот се навистина високи. Можам да најдам некои точки каде што тимот може да се подобри… Сега сум тука една недела. Можеби е подобро да ми го поставите ова прашање по неколку месеци, - истакна Милер кој иако е нов веднаш се наметнува со своите лидерски способности.

- Да, да, 100 проценти. Соренсен го очекуваше тоа од мене, го знаеја уште пред да ме донесат, дека ова е природно однесување за мене. Ако сум на теренот, прво се обидувам да ја организирам мојата позиција, но кога ќе видам нешто, што мислам дека е добро за тимот да се прилагоди во врска со позиционирањето или интензитетот, или празнините во додавањата, тогаш директно комуницирам со моите соиграчи. И да, мислам дека тоа никогаш нема да се промени, дури и ако ми е прв натпревар, - рече Томас.