„VW“ продаде 1,5 милиони електрични автомобили – доаѓаат уште поевтини модели

Точка

19/08/2025

20:24

1.427

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител испорача 1,5 милиони возила од серијата „ID“ и најави нови пристапни модели – „ID. 2all“ и „ID. Every“.

„Volkswagen“ постигна значаен резултат во својата транзиција кон електричната мобилност – во фабриката во Емден свечено беше испорачан електричен автомобил од „ID“ семејството со реден број 1.500.000.

Станува збор за црн „ID. 7 Tourer Pro“ со автономија до 606 километри.


Првите „ID“ модели почнаа да се испорачуваат во септември 2020 година, а само пет години подоцна „VW“ ја предводи статистиката на регистрации на електрични возила – не само во Германија, туку и низ цела Европа, пренесува „Index“.

Во првата половина на 2025 година, „ID. 7 Tourer“ беше најпродаван електричен автомобил на германскиот пазар.


Фабриката во Емден – исклучиво за електрични возила

Групацијата целосно го трансформираше погонот во Емден, вложувајќи повеќе од една милијарда евра и претворајќи го во ексклузивна фабрика за електрични автомобили – заедно со погонот во Цвикау и Дрезден, тоа е единствената „VW“ фабрика во светот која е посветена исклучиво на EV модели.

Растот на „ID“ семејството

„Volkswagen“ најавува нови, поевтини модели:

• „ID. 2all“ – компактен модел под 25.000 евра (2026)

• „ID. Every“ – основен модел за околу 20.000 евра (2027)

„Целта е јасна – електромобилноста мора да биде достапна за сите, пристапна, сигурна и одржлива“, порача Мартин Сандер од „VW“.