Возачот останал заштитен благодарение на системот на Фарадеев кафез, кој ја распределува електричната енергија по екстериерот на автомобилот и ја пренесува во земјата.
Еднаш – разбирливо. Но, трипати по ред? Токму тоа си го помислил сопственикот на електричниот „BYD SUV“ од Кина, кога гром го погодил неговото возило трипати во само неколку секунди, додека се движел низ градот Беихај. Штета? Само два трага на покривот, пишува порталот „Car Expert“.
Возачот поминал неповреден, а истото важи и за електричниот мотор во автомобилот. Снимката е вознемирувачка – се гледа како громот удира во возилото, под него се појавуваат искри, а во еден момент и пламен.
Holy moly!😱 A #car was suddenly hit by #lightning while driving in Beihai, S #China's Guangxi on August 5! #LightningStrike pic.twitter.com/DjHbbOmTYD
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 7, 2025
По ударите, мажот повикал помош, а механичарите ги провериле батериите, моторот и целата електроника. Утврдено е дека нема никаква штета.
Возачот останал заштитен благодарение на принципот на Фарадеев кафез, кој овозможува електрицитетот да се шири по надворешниот дел од автомобилот и потоа да заврши во земјата.
Патниците и возачот во вакви ситуации остануваат безбедни – единствено што може да настрада е електрониката во возилото.