Џан Пјеро Гасперини побара нови засилувања во нападот во финишот од летниот преоден рок, а како што стојат работите, едно ќе добие пред самиот старт на новата сезона во Серија А.
Рома доведе фудбалери како Фергусон, Весли, Ел Ајнауи и Даниеле Гиларди, но последните вести велат дека утре ќе го добие и Леон Бејли од редовите на Астон Вила.
Добро упатените новинари од Италија тврдат дека двата клуба разменуваат документи за реализирање на зделката, според која Бејли првата сезона ќе игра како позајмен фудбалер, со опција за откуп на крајот од истата.
Рома ќе плати 3 милиони евра за едногодишната позајмица, со тоа што ќе има и право на откуп за 20 милиони евра.
Крилниот фудбалер не беше во комбинација за настап на вчерашниот натпревар против Њукасл, па очекувањата се веќе утре да пристигне во Рим на промоција во Рома.