Кејн ги наброја шесте главни фаворити за титулата во ЛШ по втората титула во кариерата

Дерби

17/08/2025

17:25

391

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен го победи Штутгарт и го освои трофејот во Суперкупот, а тоа беше второ шампионско славје за Хари Кејн во играчката кариера.

Откако ја освои првата титула во Бундеслигата, Кејн вчера го подигна и трофејот во Суперкупот, но јасно е дека во новата сезона ќе се обиде да атакува и на Лигата на шампиони.

Тоа е трофеј кој е убедливо најпрестижен на клупско ниво, но Англичанецот е свесен дека Баерн ќе има најмалку пет тешки ривали во обидот да стане европски шампион.

– Новата сезона во Лигата на шампиони ќе биде слична како сите претходно. Ние сме едни од фаворитите, но тука се уште ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и Ливерпул.

– Сите најголеми клубови со посебно око гледаат на тој трофеј, имаме долг пат до финалето. Едвај ја очекуваме ждрепката за да видиме против кои тимови ќе играме во првата фаза. Мора да покажеме глад и желба за да стигнеме најдалеку, но пред да дојде до Лигата на шампиони, треба да се фокусираме на Бундеслигата, – изјави Кејн во интервју за „Марка“.