Познато е колку луѓе користат „ChatGPT“: Наскоро реклами?

Точка

16/08/2025

11:01

414

Големина на фонт

а а а

Алатката базирана на вештачка интелигенција „ChatGPT“ моментално ја користат околу 700 милиони луѓе неделно, а компанијата „OpenAI“ не исклучува можност во иднина да воведе реклами во својот популарен четбот, изјави лидерот за производи Ник Тарли во разговор за поткастот „Decoder“.

„OpenAI“ годинава очекува приходи во износ од 12,7 милијарди долари, што е повеќе од тројно зголемување во однос на минатогодишните 3,7 милијарди. Сепак, компанијата сè уште троши повеќе отколку што заработува и не очекува да биде профитабилна пред 2029 година, нагласи Тарли.


Фирмата разгледува нови начини за зголемување на приходите, а воведувањето реклами и натаму останува една од опциите. Тарли порача дека рекламите мора да бидат „многу промислени и со вкус“ интегрирани во „ChatGPT“.


Извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, претходно изјави дека би вовел реклами во „ChatGPT“ само како последна опција, но во јуни призна дека „не е целосно против“ таа идеја, пренесува порталот „Verge“.


Во меѓувреме, конкурентската компанија „xAI“ во сопственост на Илон Маск планира интеграција на реклами во одговорите на својот четбот „Grok“, пренесува „b92“.