Корисниците на „Instagram“ во страв од следење – новата функција предизвика бурни реакции

Точка

15/08/2025

20:31

339

Големина на фонт

а а а

Критики пристигнаа и од американски сенатори, додека „Instagram“ најавува проверка на можни пропусти.

На почетокот на август 2025 година, „Instagram“ ја воведе функцијата „Map“ за споделување локација со избрани следбеници.

Иако „Meta“ тврди дека опцијата е стандардно исклучена и се активира само со согласност на корисникот, таа предизвика силни реакции поради страв од следење и загрозување на приватноста, пренесува „N1“.


Активирањето на функцијата која прикажува детални податоци за геолокацијата на корисниците предизвика негативни коментари и на социјалните мрежи.

„Meta Platforms“ ја претстави алатката „Instagram Map“, која им овозможува на корисниците да ја споделат својата последна активна локација. Оваа алатка е слична на функцијата „Snap Map“ на „Snapchat“, која им овозможува на луѓето да видат од каде нивните пријатели објавуваат содржина.


Секогаш постои ризик од злоупотреба

Иако „Meta“ во објава на блог тврдеше дека „споделувањето на локација е исклучено, освен ако корисникот не е пријавен“, повеќе корисници изразија загриженост дека тоа не е секогаш така и дека злонамерни лица би можеле да ја злоупотребат функцијата за шпионирање.

Извршниот директор на „Instagram“, Адам Мосери, се обрати преку „Threads“ за да ги отфрли тврдењата дека функцијата открива локации без согласност на корисниците.

Тој изјави дека сè е двапати проверено и дека за активирање на функцијата е потребна двојна согласност.