Мажјак или женка, во зависност од околностите: Некои птици го менуваат полот во текот на животот под влијание на загадувањето

Точка

15/08/2025

16:50

318

Големина на фонт

а а а

Научниците од Универзитетот на Саншајн Коуст во Австралија откриле дека одредени фактори на животната средина, како што е загадувањето, можат да влијаат на промената на полот кај дивите птици, што досега се сметаше за исклучително ретка појава кај оваа животинска група

Во студија во која биле вклучени пет вообичаени австралиски видови птици, вклучувајќи кукабури, страчки и папагали лорис, откриено е дека околу шест проценти од анализираните единки имаат хромозоми од еден пол, но репродуктивни органи карактеристични за спротивниот пол, објави денес Би-еф-ем.

„Ова укажува дека одредувањето на полот кај дивите птици не е строго определено при раѓање, туку може да остане променливо во зрелоста“, вели Доминик Потвен, коавтор на студијата, која спроведе ДНК анализи на речиси 500 единки.


Повеќето регистрирани случаи на промена на полот вклучуваат генетски женски птици кои развиле машки гонади.

Сепак, истражувачите забележале и спротивен случај – кај една генетски машка кукабура биле откриени големи фоликули и зголемен јајцевод, што, според авторот на студијата, укажува на неодамнешно производство на јајце-клетки.

Промената на полот е веќе позната појава кај одредени видови риби и влекачи, додека кај птиците и цицачите се смета за многу ретка.

Претходните истражувања покажаа дека фактори како што се загадувањето или зголемената температура можат да предизвикаат жабите да го променат полот.


Причината за промените во полот кај дивите птици сè уште не е прецизно утврдена, а присуството на хемикалии кои го нарушуваат хормоналниот систем во природните живеалишта се наведува како потенцијални причини, според извештајот на Универзитетот на Саншајн коуст.

„Разбирањето како и зошто се случува промената на полот е клучно за зачувување на биодиверзитетот, како и за подобрување на точноста на научните истражувања за птиците“, заклучи Потвен.