Ламела стави крај на агонијата: „Рабона“ мајсторот замина во пензија на 33 години

Дерби

15/08/2025

12:23

194

Големина на фонт

а а а

Ерик Ламела реши да стави крај на фудбалската кариера на само 33-годишна возраст, сето тоа како последица на тешките повреди кои оставија последици врз неговото тело.

Во ситуација кога најчесто мораше да биде под инјекции за да се најде на теренот, познатиот Аргентинец реши да стави крај на агонијата, па откако го раскина договорот со АЕК, соопшти дека заминува и во играчка пензија.

Ламела остави свој белег во познати европски клубови како Рома, Тотенхем и Севилја, а сега токму во шпанскиот клуб ќе ја има првата тренерска задача.

Аргентинецот се приклучува во Севилја каде ќе биде помошник тренер на Матијас Алмеида, но во меѓувреме, сите негови поранешни клубови му оддаваат признание за тоа што го понуди на фудбалскиот терен.

Ламела ќе остане запеметен по големиот талент кој го поседуваше, но и како рабона мајстор кој презентираше два погодоци од кои застанува здивот.