Репрезентацијата на Зеленортските Острови е најголемото изненадување на досегашниот тек од Светското првенство. Со нерешениот резултат против Саудиска Арабија (0-0) и поразот на Уругвај (0-1) тие за првпат во својата историја обезбедија пласман во елиминациската фаза.
На теренот, Зеленортските Острови покажаа поконкретна игра и беа поблиску до победата во меч со малку зрели шанси.
Во меѓувреме, Шпанија со победата од 1-0 над Уругвај го завери првото место во групата Х. Стрелец за Фуријата беше Алекс Баена во 42.минута од мечот.

Во нокаут-фазата, Шпанците ќе ги одмерат силите со Австрија или Алжир, додека историскиот противник на Зеленортските Острови ќе биде селекцијата на Аргентина.







