Едноставен сендвич, летен фестивал, момент на невнимание и драма што ја потресе цела Италија.
Еден маж (52) почина, девет лица се борат за своето здравје во болници, а уште неколку десетици биле приморани да побараат медицинска помош. Сите ги поврзува едно – јаделе од камион со храна кој, како што се покажа, служел оброци заразени со ботулинум токсин, познат и како ботулизам. Тоа е најсилниот познат отров, способен да го парализира нервниот систем и да предизвика смрт.
Здравствените власти го активираа „протоколот за вонредни ситуации“, болниците примаат противотрови по воздушен пат, а јавниот обвинител води истрага. Стручњаците предупредуваат – дури и храна купена во продавница може да биде заразена. Токсинот, кој во естетската медицина се смета за „чудо против брчки“, во друг контекст станува смртоносна закана.
Трагедијата започнала во приморскиот град Дијаманте во Калабрија, каде што туристи и локални жители уживале во локалните камиони со храна. Еден од нив служел сендвичи со брокула конзервирана во масло. Токму таа состојка била заразен асо ботулинум токсин. Смртно страдал 52-годишниот уметник од Неапол, Луиџи Ди Сарно. Меѓу заболeните се и членови на неговото семејство и други купувачи.
Luigi Di Sarno, 52, was on holiday with his family when they fell ill after eating broccoli and sausage sandwiches from a food stand
Posted by London Evening Standard on Sunday 10 August 2025
Што е ботулински токсин?
Ботулинскиот токсин, познат и како ботокс, се користи во естетската медицина за затегнување на брчки, но и во терапија за мигрена, прекумерно потење, бруксизам или инконтиненција. Сепак, кога се наоѓа во храна, станува исклучително опасен.
Труење со ботулински токсин
Токсинот го произведува бактеријата Clostridium botulinum. Тој го парализира нервниот систем, доведува до престанок на работа на мускулите, вклучително и оние за дишење. Симптомите може да се појават веќе по неколку часа – од слабост и отежнато дишење, па сè до смртен исход.
Најчест извор на труење се домашни конзерви кои не се правилно затворени, но, како што се гледа сега, и храна купена во продавница или на киоск може да биде заразена.
Власти во приправност
Италијанските власти ги затворија сомнителните угостителски објекти и ја повлекоа брокулата во масло од продажба. Антидот против ботулински токсин е доставен во болниците со воени авиони.
Градоначалникот на Дијаманте апелирал до граѓаните да избегнуваат паника и ширење на непроверени информации. Здравствениот сектор на Калабрија истакнал дека болниците немаат залихи од противотров и дека секоја ситуација бара итна реакција.
Не е само Дијаманте – нови случаи во други туристички места
Пред само две недели, 38-годишна жена починала откако на фестивал во Калаџари на Сардинија јадела оброк со гвакамоле. Во болница било примено и 11-годишно момче, кое за подобра нега било префрлено во Рим. Медиумите наведуваат дека обемот на труења може да биде поголем отколку што првично се мислело.
Како да се заштитите од ботулински токсин?
Стручњаците советуваат посебна претпазливост при консумирање конзервирана храна, особено онаа направена дома. Треба да се избегнуваат производи со надуено пакување, необичен мирис или изглед. Доколку се појават симптоми на труење – слабост, вртоглавица, проблеми со дишење – неопходно е веднаш да се побара медицинска помош.