Арон Тејлор-Џонсон е главен фаворит за новиот Џејмс Бонд: Актерот потпиша договор со официјалниот снабдувач на часовници 007

Точка

12/08/2025

17:47

628

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон се најде во центарот на вниманието како еден од главните кандидати кој ќе го наследи Даниел Крег во иконската улога на Џејмс Бонд, пишува „Дејли мејл“.

Иако сè уште не е  официјално  потврдено кој ќе ја преземе легендарната улога на тајниот агент 007, коментарите на социјалните мрежи јасно покажуваат дека Арон има голема поддршка од јавноста.


Шпекулациите за неговиот ангажман траат со месеци, а овие гласини се поткрепуваат од фактот дека Тејлор-Џонсон неодамна потпиша договор со луксузниот бренд „Омега“, кој со години игра важна улога во франшизата за Бонд како официјален добавувач на часовници. Тој потег ги поттикна сомнежите дека тој е новиот избор на продуцентите.

Доколку ја добие оваа престижна улога, Арон може да очекува значителна финансиска корист. Неговиот претходник, Даниел Крег, кој ја презеде улогата во 2005 година и се појави во шест филмови, наводно заработил дури 100 милиони долари.


Сепак, дури и без таа работа, Тејлор-Џонсон веќе се докажа во филмската индустрија. Неговото богато актерско искуство вклучува улоги во филмови како „Kick-Ass“, „Nowhere Boy“ и „Marvel’s Avengers: Age of Ultron“, каде што го толкуваше ликот на Пјетро Максимоф.

Неговата нето вредност се проценува на повеќе од 19 милиони долари. Покрај тоа, тој е во брак со познатата режисерка Сем Тејлор-Џонсон, чие богатство се проценува на околу 20 милиони долари, што ги прави еден од највлијателните парови во светот на филмот.


Иако се натпреварува со имиња како Тео Џејмс и Хенри Кавил, Арон има сериозни шанси да стане новото лице на британскиот шпион со својата досегашна работа, харизма и растечко присуство во медиумите.

Кога беше прашан за можноста всушност да стане Бонд, актерот кратко рече: „Навистина не е моја работа да кажам нешто“.