Лука Дончиќ позитивно ги шокираше своите фанови со физичката трансформација ова лето и се чини дека сериозно ги сфатил критиките за вишокот килограми кои ги имаше последната сезона.
Словенецот се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, но тоа не ги спречи постојаните провокации за неговата тежина, нешто што посебно го истакнуваа и во неговиот поранешен клуб Далас.
„Осветата“ на Дончиќ полека се реализира и словенечките медиуми тврдат дека тој загубил дури 14 килограми и е во топ форма во пресрет на европското првенство, а потоа и новата НБА сезона.
– Дончиќ има мисија, мислам дека ќе биде МВП и најдобар стрелец во НБА во новата сезона. Она што му е основна цел е да им се одмазди на сите во Далас за тоа што се потсмеваа со неговата тежина.
– Лука изгледа неверојатно, тој е побрз и поексплозивен, – изјавил НБА скаут кој ги следи подготовките на репрезентацијата на Словенија летово.