Сити договара продажба на млад фудбалер кој е прецртан од Гвардиола

Дерби

12/08/2025

11:17

275

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити последниот период се откажа од повеќе млади фудбалери, кои подоцна блескаа во редовите на некоја ривалска екипа, а Пеп Гвардиола и неговите соработници се подготвени да го продадат и Џејмс МекАти.

22-годишниот фудбалер е пред трансфер во редовите на Нотингем Форест и двата клуба веќе ги договориле условите за трансферот, – пренесуваат англиските медиуми.

МекАти минатата сезона беше дел од првиот тим на Сити, но претходно две сезони играше на заем во редовите на Шефилд Венздеј, а Гвардиола во еден момент призна дека требало да му даде поголема минутажа на младиот играч за врска.

Сепак, нешто се промени во завршницата на сезоната, бидејќи МекАти не беше во составот за финалето на ФА купот, исто како и на двете последни средби од Премиер лигата.

Медиумите претпоставуваат дека конекцијата меѓу менаџерот, раководството и фудбалерот целосно е нарушена откако МекАти летово одлучи да и даде предност на младинската репрезентација на Англија и со тоа не настапуваше за Сити на Светското клупско првенство.