Давид Алаба имаше премногу проблеми со повреди и не успеа да го покаже целиот свој потенцијал по доаѓањето во Реал Мадрид, а раководството на клубот го загуби трпението и најавите беа дека сака да најде начин да ја заврши соработката со Австриецот уште ова лето.
Сепак, самиот Алаба не прифатил да размислува за трансфер и сака да се бори за место во тимот, а тренерот Чаби Алонсо решил да направи експеримент со играчот кој веќе докажа дека може да игра на различни позиции.
Новиот тренер на Реал ќе се обиде да го уфрли Алаба во средниот ред и на тој начин да ја зголеми ротацијата во овој дел од тимот, посебно што позициите на стоперските и бековските позиции засега се резервирани за други членови на екипата.
На пријателскиот дуел со Легањес, Алонсо веќе ја испробал оваа варијанта и Алаба бил дел од средниот ред, улога која не му е непозната од претходниот дел од кариерата.
Предност за Алаба е што му беше соиграч на Чаби во Баерн Минхен и неговиот тренер добро му ги познава квалитетите, па на крајот има шанса да ги премисли луѓето во менаџментот кои сакаа да се откажат од него летово.