Џексон ќе го напушти Челси, веќе го избрал својот следен клуб

Дерби

12/08/2025

11:15

301

Големина на фонт

а а а

Николас Џексон доби порака од Челси дека летово треба да си пронајде нов клуб, а Сенегалецот веќе решил каде ќе ја продолжи кариерата и посакува реализација на тоа сценарио.

Поголемата конкуренција во нападот со доаѓањето на Лиам Делап и Жоао Педро го истиснаа Џексон од прв план кај менаџерот Енцо Мареска, а тој сака да се пресели во Њукасл.

„Црно-белите“ никако да доведат нов напаѓач летово, имаат проблем и со Александер Исак, па се чини дека трансферот на Џексон е логичен потег, иако треба и целосно да биде договорен со Челси.

Отворено прашање е дали Њукасл ќе може да си го дозволи Џексон ако Исак остане во екипата, односно дали евентуалниот трансфер на Сенегалецот може и да влијае на Еди Хау полесно да го одобри заминувањето на шведскиот репрезентативец.

Претходно, Њукасл извиси за двајца квалитетни напаѓачи, односно за Иго Екитике и Бенџамин Шешко, кои завршија во редовите на ривалтие, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.