Тен Хаг ќе повлече довчерашен фудбалер на Јунајтед во неговиот Баер

Дерби

12/08/2025

10:19

406

Големина на фонт

а а а

Баер Леверкузен сезонава ќе се обиде да ги оствари своите клупски амбиции под водство на Ерик тен Хаг, а холандскиот стручњак и натаму се обидува да го склопи мозаикот во ростерот и да дојде до тим кој ќе има потенцијал за такво нешто.

Последниот пик на холандскиот стручњак е Виктор Линделоф, дефанзивецот со кого соработуваше во редовите на Манчестер Јунајтед и многу добро ги познава неговите квалитети и можности.


Линделоф замина од „Олд Трафорд“ и Јунајтед како слободен агент по крајот на претходната сезона, а Тен Хаг смета дека ќе му помогне со своето искуство, но и лидерските способности.

Шведскиот интернационалец помина дури осум години во редовите на славниот премиерлигаш, а претходно беше член и на Бенфика.

Германскиот клуб летово веќе инвестираше над 100 милиони евра во нови играчи, а едно од поскапите засилувања дојде од Премиер лигата, односно „фармацевтите“ го ангажираа Џарел Кванса од редовите на Ливерпул.