Манчестер Јунајтед уште во првото коло од новата премиерлигашка сезона ќе одигра дерби натпревар со Арсенал, а официјалното здружение на навивачи најави протест против косопственикот Џим Ретклиф.
Организираните фанови на англискиот клуб сметаат дека Ретклиф не прави доволно за клубот откако доби дел од сопственичката структура и е задолжен за оперативните функции во Јунајтед, па затоа и планираа да му испратат важно предупредување пред дербито.
– Ретклиф одлучи да биде во истиот кревет со Глејзерови и наше мислење е дека им помага да останат на чело на клубот, – изјавија од здружението 1958, кое го најави протестот.
Сепак, интерната анкета меѓу фановите покажала дека мислењето за Ретклиф засега е поделено и протестот засега е откажан.
Од 26.000 испитаници, дури 63 проценти сметале дека Ретклиф треба да преземе одговорност за досегашните потези во клубот и треба да биде предупреден со протест, но истовремено 68 проценти рекле дека треба да му биде дадено повеќе време за посакуваните промени.