Шешко откри зошто го избра Јунајтед: Заедно ќе летаме високо…

Дерби

12/08/2025

10:15

272

Големина на фонт

а а а

Репрезентативецот на Словенија, Бенјамин Шешко е најновото засилување за премиерлигашот Манчестер Јунајтед кој успеа да ја добие битката со Њукасл за неговиот потпис.

„Страчките“ притискаа, можеби и беа поконретни кога во прашање се финансиите, меѓутоа Јунајтед како великан беше поголем предизвик за Шешко кој кажа „ДА“ за преселбата на „Олд Трафорд“.

Напаѓачот е пресреќен што е во Јунајтед и се надева дека заедно ќе можат да ги исполнат зацртаните цели.


-Само да станеме подобри, да се поврземе заедно, генерално, и ние како тим, да се обидуваме да растеме, да растеме заедно чекор по чекор затоа што стануваме подобри. Само сме уште покомплетни и покомплетни. Само е прашање на време кога повторно ќе можеме да летаме високо, -истакна Шешко кој откри зошто се одлучи за преселба во тимот од Манчестер.

-Мислам, пред сè, поради клубот. Тоа е едноставно историски клуб кој е неверојатен. За мене, тимот е одличен. Станува сè подобар и подобар и затоа има работи што ве тераат да дојдете таму, ви даваат енергија од која сакате да бидете дел. Мислам дека е одличен проект, генерално, и едвај чекам да почнам, дефинитивно, -подвлече досегашниот член на РБ Лајпциг.