Челси има намера да повлече уште неколку потези на пазарот или подобро кажано да направи дополнителни промени во играчкиот кадар.
Некои играчи треба да си заминат, а некои да пристигнат со тоа што веќе се знае кои се целите на „сините“ и тоа Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед и Чави Симонс од редовите на РБ Лајпциг.
Околу потенцијалниот ангажман на Гарначо свој збор имаше некогашниот стопер на Челси, Франк Лебеф кој смета дека екипата нема потреба од услугите на аргентинскиот интернационалец.
- Не, не го разбирам (интересот на Челси за Гарначо). И покрај тоа, го видов Гитенс како влегува во последните 15 минути и тој навистина ме импресионираше. Секој пат кога ја добиваше топката, правеше разлика. Беше многу импресивен. Гарначо ќе игра на истата позиција на левата страна – никогаш не го видел Гарначо да го прави тоа дури и кога беше на врвот на својата игра.
- Тој е одличен играч, но ќе платите помеѓу 50 или 60 милиони за човек на позиција каде што веќе ги имате играчите што ви се потребни. Не гледам дека Гарначо ќе додаде нешто подобро од она што веќе го имаат, - вели Франк и подвлекува:
- Премногу играчи можат да создадат проблеми. Соблекувалната ќе биде млада и атмосферата може да се промени – едно лице може да ја уништи. Не велам дека тоа би бил Гарначо, може да биде кој било играч ако не игра и стане нерасположен, што создава проблеми во соблекувалната, - заклучи Французинот за „ЕСПН“.