Кристал Палас официјално нема да игра во Лига Европа

Макфакс

11/08/2025

18:04

402

Големина на фонт

а а а

Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила.

Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона.

Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за групната фаза во Лига Европа, но УЕФА одлучи да го префрли клубот од Лондон во Конференциската лига и да го стави Нотингем Форест на негово место во Лига Европа.

Одлуката е донесена затоа што неодамнешниот сопственик на 43 проценти од Кристал Палас, Џон Текстор, е исто така мнозински сопственик на Олимпик Лион, кој исто така се квалификуваше за Лига Европа.

Кристал Палас го пропушти рокот во март поставен од УЕФА за решавање на проблемот, а CAS соопшти дека неговите судии одлучиле дека Текстор „бил член на одборот со одлучувачко влијание врз двата клуба во времето на проценката на УЕФА“.

Кристал Палас ја започна сезоната 2025/26 со освојување на титулата во Комјунити Шилд, откако го победи Ливерпул на пенали.