Гарсија: Имам голема почит кон Тер Штеген, клубот ми кажа…

Дерби

11/08/2025

14:29

307

Големина на фонт

а а а

Се ближи почетокот на новата сезона во шпанската Примера, а Барселона одново се соочува со веќе познат проблем, регистрација на играчи.

Првиот меч против Мајорка е закажан за 16 август, но се уште не неизвесно дали првакот ќе може да смета на сите летни засилување и на ветеранот Војчех Шчесни.

Голманот Жоан Гарсија е едно од тие нови имиња за кои клубот верува дека сигурно ќе биде регистриран пред се поради повредата на Марк Андре Тер Штеген кого го очекува пауза од неколку месеци. Шпанецот е мирен затоа што му верува на менаџментот, а притоа и порака дека има голема почит кон Тер Штеген кој во изминатиов период влезе во „војна со клубот“ за да потоа се спушти топката и се намалат тензиите.

- Клубот ми кажа дека мојата регистрација ќе биде направена наскоро и без никакви проблеми. Во соблекувалната немаме проблеми со Тер Штеген. Тој е капитен и имаме големо почитување кон него, ако работите меѓу него и клубот се на добар пат да се решат, тоа е најдобро за сите. Се чувствувам исклучително удобно. Ова е сосема поинаков стил од оној на кој сум навикнат, но мислам дека добро се прилагодувам и се чувствувам во одлична форма.