Грилиш си заминува од Сити, ама останува во Англија

Дерби

11/08/2025

14:26

310

Големина на фонт

а а а

Повремениот англиски репрезентативец Џек Грилиш ќе ја промени средината во овој преоден рок откако стана јасно дека не е во плановите на менаџерот Пеп Гвардиола.

Офанзивецот не се најде на списокот на Гвардиола за настап на Светското клупско првенство, а и претходно беше во втор, трет план или едноставно доби јасни пораки дека не е повеќе потребен на „Итихад“.

Според последните информации кои ги објави Фабрицио Романо, Џек набрзо ќе има нов клуб и тоа Евертон. „Карамелите“ предводени од Дејвид Мојс покажаа сериозен интерес и ќе го добијат на позајмица.

Се очекува Џек да ги мине медицинските прегледи и да ја комплетира операцијата во наредните 24 часа.

Евертон ќе биде четврти клуб на Грилиш во кариерата по Астон Вила, Нотс Каунти и Манчестер Сити.