Поранешниот играч на Ливерпул, Дарвин Нуњез, потпиша тригодишен договор со саудискиот тим Ал Хилал.
– Сите во клубот сакаат да му се заблагодарат на Дарвин за неговиот придонес и му посакуваат нему и на неговото семејство се најдобро во иднина – се вели во соопштението на Ливерпул.
Обесштетувањето за трансфер на 26-годишниот уругвајски напаѓач првично е 53 милиони евра, а бонусите се зголемуваат на 65 милиони евра.
Тој се приклучи на Ливерпул во јуни 2022 година од Бенфика за 75 милиони евра.
Ја освои Премиер лигата и Комјунити Шилд, одигра 143 натпревари за Ливерпул и постигна 40 гола, но минатата сезона беше стартер само во осум лигашки натпревари.
Минатата сезона постигна само седум гола во сите натпреварувања, но постигна пет гола на предсезонската турнеја, вклучувајќи хет-трик за 20 минути против Стоук минатиот месец.
Ал Хилал го предводи од клупата Симоне Инзаги, а во тимот, меѓу другите, се Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоао Кансело и Калиду Кулибали.
Во последните денови се шпекулираше дека Митровиќ би можел да го напушти клубот и да се врати во Англија.