Левандовски ќе го скокне утрешниот дуел со Комо, а веројатно и премиерата на новата сезона во Ла Лига

Дерби

08/08/2025

13:46

155

Големина на фонт

а а а

Барселона утре ќе одигра натпревар против Комо во рамките на трофејот „Жоан Гампер“, а тренерот Ханси Флик на оваа средба нема да смета на Роберт Левандовски.

Искусниот напаѓач заработил мускулна повреда на тренинг и денеска клубот потврди дека нема да биде во конкуренција за важната генералка.

Клубот најави дека Левандовски нема да може да одговори на обврските, а враќањето на тренинзите ќе зависи од брзината со која ќе се рехабилитира, иако најважно е што повредата не е сериозна.

Лекарскиот тим е внимателен бидејќи Левандовски и претходно имаше проблем на истото место на левата нога, па јасно е дека и Флик ќе биде претпазлив во пресрет на почетокот на новата сезона.

Барса истата ќе ја отвори со дуел со Мајорка и веројатно ќе биде најреално да се очекува дека Левандовски нема да биде во комбинација и за оваа средба.