Мора да внимавате што пишувате на интернет за да не навредите некого. Интернетот стана реалност за сите нас, повеќе од половина од животот некои ќе го поминат поврзани преку различни технологии, а тоа може да биде проблем од сите можни страни.
Треба да бидете многу внимателни што ќе кажете на мрежите, што ќе напишете или прокоментирате.
Таков проблем има и Иван Ракитиќ.
Поранешниот репрезентативец на Хрватска го прослави трансферот на Лука Модриќ во Милан, а потоа мораше да се извини на навивачите на Јувентус. Зошто?
На својата приказна на „Instagram“ со Лука Модриќ, тој објави и песна на навивачите на Милан за која не знаеше што значи, а се покажа дека е навредлива за навивачите на Јувентус.
„Сакам да упатам искрено извинување до навивачите на . Мојата намера беше исклучиво да ја употребам песната поврзана со Милан за да му честитам на мојот пријател Лука Модриќ, без да го знам нејзиниот историски контекст ниту стиховите поврзани со неа. Апсолутно немав намера да навредам никого, а најмалку клубот кон кој имам длабоко почитување“, напиша тој.