Слот за променетата структура во Ливерпул: Загубивме важни играчи, но добивме нови оружја

Дерби

05/08/2025

11:47

230

Големина на фонт

а а а

Ливерпул вчера оствари две победи над Атлетик Билбао во еден ден и постигна вкупно седум голови, а тоа беше последен неофицијален тест за англискиот првак, кој веќе во недела го игра Комјунити Шилд финалето против Кристал Палас.

Арне Слот ги искористи двата меча со Баскијците за да им даде шанса на сите фудбалери, со тоа што на вториот ги вклучи и најголемите ѕвезди, како и сите нови летни засилувања кои се огромни освежувања за тимот.

Ливерпул ќе изгледа доста поинакво на неколку позиции на теренот, но се очекува да се промени и целата структура на игра, бидејќи улога на креатори и спринтери сега ќе имаат други играчи.

– Секогаш има простор за напредок во секој поле. Како што веќе кажав претходно, додадовме нешто ново, имаме нови оружја, но исто така загубивме важни играчи како Трент, Диого Жота и Луис Диаз.

– Вирц е фудбалер со извонреден квалитет и способност да креира. Загубивме креација со Трент кој знаеше како да го прави тоа од дефанзивната линија, неговите пасови за напаѓачите беа специјални. Сега со Флоријан добиваме такво нешто во завршната третина. Тој игра на сосема друга позиција, но носи креативност. Екитике носи голема брзина за нас, а истото важи и за новите бекови, Керкез и Фримпонг.

– Не смееме да стоиме во место, мора да го направиме следниот чекор. Нашата конкуренција нема да не поштеди, сите се обидуваат да бидат подобри и видовме дека ривалите купија голем број играчи. Очекувам да гледаме многу интересна сезона во Премиер лигата, – изјави Слот.