Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Макфакс

05/08/2025

18:03

341

Големина на фонт

а а а

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.

Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.

Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.

Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.

„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.