Модриќ ги издвои најважните квалитети кои ќе се обиде да ги пренесе во Милан

Дерби

05/08/2025

11:44

106

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ на 39-годишна возраст направи возбудлив трансфер во Милан, и тоа откако мина 13 незаборавни сезони во Реал Мадрид, клуб во кој стана најуспешен фудбалер во историјата.

Хрватскиот фудбалски мајстор се чувствува физички и психички добро за да продолжи да игра на највисоко можно ниво, па бидејќи неговиот премин во Милан предизвика големо внимание и во оваа фаза од кариерата, Модриќ на првиот прес објаснуваше и кои квалитети ќе може да ги пренесе во тимот на Макс Алегри.

– Моето искуство е на прво место, но исто така и напорната работа. Ќе дадам се што имам за да го повторам тоа што го направив во претходните клубови. Треба да го направам истото, ќе се обидам да помогнам на било каков начин.

– Знам дека има големи очекувања од мене, но јас сум подготвен за тоа. Ја следам Серија А како натпреварување, туку има многу играчи од Хрватска и знам дека се работи за компетитивна и израмнета лига. Серија А полека го враќа својот сјај, тимовите се на завидно тактичко ниво. Тоа е главната разлика со Шпанија, тука екипите се многу организирани и ќе треба да се адаптирам што е можно побрзо.

– Јас минав 13 години во најголемиот клуб во светот и сега дојдов во клуб кој во минатото беше како Реал. Милан се загуби на патот, но мора да се врати на вистинскиот пат. Од мене зависи да дадам се од себе и да уживам во следната година, – изјави Модриќ.